СДСМ: АКТ ја продолжува борбата за правда, секој што прекршил закон мора да понесе одговорност!
Антикорупцискиот тим на СДСМ внимателно го следи постапувањето на институциите. Случајот за којшто е покренато обвинение против „Марковски компани”, сопственикот на оваа компанија и други лица мора до крај да биде расчистен и секој што го прекршил законот да одговара – велат од СДСМ.
АКТ силно ги поддржува акциите против криминалот и корупцијата кои се транспарентни, издржани и поткрепени со докази.
Но, јавно предупредуваме дека досега, Обвинителството, ДКСК, Финансиската полиција немаат преземено ништо за објавените скандал и поднесените пријави за криминал и корупција од страна на АКТ на СДСМ.
161 тендер за една фирма вредни 5,3 милиони евра, 9 милиони евра за друга фира со двајца вработени, 1,2 милиони евра тендери од Пошта и многу други чекаат институционална реакција и одговорност.
Јавното обвинителство да не ги штити функционерите на власта, туку да отвори предмети и да постапува согласно законите и доказите.
Секој што се прекршил законот мора да понесе одговорност! СДСМ ја продолжува борбата за правда, против криминалот и корупцијата. Работата не е завршена. – додаваат од опозициската партија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…
Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ
СДС го проби дното и ги нарече…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ против дата-центрите, дури…
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко…
Петровски: Го сменија името, сега ја бараат…
*Објава на Фејсбук на Филип Петровски СЕГА…
Мицкоски: Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа…
Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа кредити…