СДСМ ја претстави новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот „М.И.Ц.К.О“
Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска ја претстави новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот, М.И.Ц.К.О.
„Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот.
Македонски Истражувачки Центар за Корупција и Организиран Криминал или скратено М.И.Ц.К.О
Пријавете! Сите ќе одговараат!“ – велат од опозициската партија.
„Истражуваме случаи. Длабински прегледуваме тендери, медиумски објави или случаи на корупција, вклучително и проверени судири на интерес и останати сомнителни операции во политиката, јавниот сектор, локалните и државните институции.
Ги архивираме податоците, креираме регистар на наводни случаи со наведени извори, датуми и релевантни детали, овозможувајќи лесен пристап и пребарување.
Промовираме транспарентност: Делиме анализи и известувања како граѓаните но и новинарите, експертите, невладините организации можат да дадат придонес.
На платформата против корупцијата веќе се објавени досегашните бомби на АКТ.
Случајот со една фирма со двајца вработени основана лани која добила тендери од 9 милиони евра.
Случајот со фирма која добила 161 тендер вредни 5,3 милиони евра.
И секако скандалот за преземањето на Алта Банка, со сомнителен капитал, кој НБРМ го дозволила под сомнителни околности.
Од денеска платофрмата е активна и целосно оперативна, на ваше располагање.
Ги повикуваме сите граѓани, невладини организации, истражувачи, новинари, медиуми, да ни се приклучат.
На платформата има можноста граѓаните да пријават корупција и криминал – директно.
Има посебен дел, простор за да се внесат информации и директно да се прикачат документи. Секој граѓанин може да пријави, дури и анонимно.
Почитувани граѓани, пријавувајте! Ние сме вашиот глас. Заедно се бориме против корупцијата и криминалот.“ – објаснуваат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ ја претстави новата дигитална платформа за…
Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска ја претстави…
Филипче: Веќе не се спремаме за избори,…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју…
СДСМ: Судот го потврди пуштањето на Јанева…
Денеска Кривичниот суд и официјално потврди дека…
СДСМ бара Антикорупциска да го испита потеколото…
СДСМ денеска поднесе официјална пријава до антикорупскицската…
(Видео) Кузеска: Крај на мигранти во Македонија…
Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја…