Филипче: Веќе не се спремаме за избори, туку да ја вратиме власта во рацете на граѓаните

t

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „360 степени“ порача дека партијата влегува во нова фаза на политичко дејствување, во која фокусот повеќе не е само на изборниот циклус, туку на суштинска промена и враќање на државата во рацете на граѓаните.

-Веќе не се спремаме за избори. Се спремаме да ја вратиме власта во рацете на граѓаните, затоа што сме свесни дека државата вака само ќе заглавува. Ова, граѓаните веќе почнуваат да го препознаваат. Морам да кажам дека ние се спремаме за победа на следните парламентарни избори., истакна Филипче.

Говорејќи за можностите за пошироко политичко обединување, претседателот Филипче нагласи дека СДСМ е отворен за разговор со сите политички субјекти, но само врз јасно дефинирани стратешки позиции.

Прашан дали е можно тоа да биде со Левица, Филипче одговори дека се зависи од стратешките позиции за напредокот на државата, во однос на евроинтеграциите во однос на НАТО.

Тој порача дека борбата на СДСМ е борба за демократијата, за слободата и за држава што ќе им служи на граѓаните, а не на партиските и личните интереси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала на поддршката ама и вие и…

Српски студент како глас на српските стденти…

Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…

Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…

ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…

СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…

Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…

СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…