Се договара официјална посета на Зеленски на Подгорица
Црна Гора и Украина активно договараат датум за посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, откако таа беше откажана лани во последен момент.
„За тоа активно се дискутира. Украинската страна останува заинтересирана за реализација. Утврдувањето на конкретниот датум моментално е на дневен ред“, соопшти Амбасадата на Украина за подгорички „Дан“.
Зеленски беше во Белград минатата недела.
Неговото пристигнување во Подгорица беше планирано за мај минатата година, но посетата не се случи. Потоа премиерот Милојко Спајиќ отпатува во Ватикан за инаугурацијата на папата Лав, каде што ја предводеше црногорската делегација.
Беше планирано Зеленски и Спајиќ да потпишат договор за соработка во областа на безбедноста и долгорочната поддршка. Во Киев, како што потврдија вчера, сè уште постои интерес за склучување на тој документ.
– Веруваме дека неговото склучување би бил важен чекор во понатамошното зајакнување на украинско-црногорското партнерство – соопшти Амбасадата.
Договорот веќе беше прифатен од Владата на Црна Гора во мај 2025 година, а со неговото потпишување, двете земји би ја формализирале соработката во областа на безбедноста, одбраната и долгорочната поддршка за Украина.
Документот предвидува консултации во случај на значителна ескалација на војната или нов руски напад врз Украина, како и можност за политичка, безбедносна, воена, хуманитарна и економска помош, во согласност со можностите на Црна Гора.
Предвидена е и соработка во областа на одбранбената индустрија, вклучително и можноста за инвестирање во украински капацитети и набавка на производи за потребите на украинските вооружени сили.
Освен безбедносниот договор, Киев е заинтересиран и за понатамошно зајакнување на економската соработка со Црна Гора. Амбасадата потсети дека на крајот од минатата година беше потпишан протокол за измени на договорот за слободна трговија меѓу двете земји, анведува Дан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хоџа: Повеќе пастрмка за Охридското Езеро, годинава…
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим…
Се договара официјална посета на Зеленски на…
Црна Гора и Украина активно договараат датум…
Пет македонски семејства евакуирани од пожарите во…
До овој момент, пет македонски семејства побарале…
Борбени авиони на НАТО се кренаа на…
Борбени авиони, ангажирани во мисијата на НАТО…
(Видео) Со огромен трактор влезе во огнот:…
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување…