Седми смртен случај од западнонилска треска, почина 69-годишен пациент од Гази Баба
Почина уште еден пациент од западнонилска треска, информираше министерот за здравство, Сашо Клековски.
Бројот на починати од вирусот со последниот смртен случај се искачи на седум.
Министерот Клековски рече дека починатиот е пациент на возраст од 69 години од општина Гази Баба и бил хоспитализиран 38 дена.
Вкупниот број на хоспитализирани е 19, а има и еден нов сомнителен случај од Радишани.
Клековски рече дека последните неколку нови случаи се од Скопје Север.
Тој додаде дека според најголемата студија во САД, спроведена на над 3.000 случаи, стапката на заболување со невроинвазивната форма на западнонилската треска и смртноста е поголема кај мажите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемени нивоата на реките, Треска речиси осум…
Нивоата на реките се драстично зголемени по…
Левица повикува утре на протест пред фабриката…
Ве повикуваме во вторник на 31-ви октомври…
(Видео) Јанков: Градоначалник кој се плаши да…
Архитектот и член на Централниот комитет на…
Специјалист по медицина на трудот: Азбестот од…
Доктор Илчо Ефкоски, специјалист по медицина на…
Арсовска на состанок со Кризниот штаб: Да…
Состанок на Кризниот штаб на Град Скопје…