Си-Ен-Ен открива: Гувернер му нудел помош на Епстин пред апсењето – „Ти го чуваме грбот“
Месеци пред апсењето во јули 2019 година, Џефри Епстин се соочил со сериозен спор со властите на Американски Девствени Острови поради наводна бесправна градба на неговите приватни острови. Според истрага на CNN, тогашниот гувернер Алберт Брајан Џуниор директно интервенирал во негова корист.
Текстуални пораки од 2019 година, до кои дошол CNN, покажуваат дека Брајан му порачал на Епстин дека разговарал со главниот службеник за заштита на животната средина и побарал постапката да се стопира додека случајот не се разгледа. Во една од пораките, гувернерот му напишал: „Ти го чуваме грбот“, а на друго место додал дека побарал од надлежниот комесар „да се повлече и да ги одобри сите претходни барања за дозволи“.
Директен пристап до врвот на власта
Преписката открива дека Епстин, и покрај претходната пресуда од 2008 година за поттикнување проституција со малолетничка на Флорида, имал директен пристап до највисокиот избран функционер на островите. Во комуникацијата, тој го прикажувал спорот како економска закана, предупредувајќи дека строгите регулативи ќе ги оттурнат инвеститорите кон Порторико.
Пораките меѓу Брајан и Епстин опфаќаат период од јануари до мај 2019 година, непосредно пред неговото федерално апсење под обвинение за трговија со луѓе за сексуална експлоатација. Два месеца по прекинот на преписката, Епштајн беше уапсен и подоцна почина во затвор во Њујорк, чекајќи судење.
Негирање на посебен третман
Во 2023 година, Брајан сведочеше под заклетва во рамки на граѓанска постапка и повеќепати негираше дека му обезбедил посебен третман на Епстин. Преку портпарол, тој подоцна се извини за својот речник, нагласувајќи дека ги поддржува жртвите на трговија со луѓе.
Подоцна, владата на Американските Девствени Острови поднесе обемна граѓанска тужба против имотот на Епштајн, тврдејќи дека територијата била користена како база за долгогодишна операција за трговија со луѓе. Случајот заврши со спогодба, која вклучуваше продажба на островите и исплата на десетици милиони долари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Си-Ен-Ен открива: Гувернер му нудел помош на…
Месеци пред апсењето во јули 2019 година,…
Дел од семејствата на починатите во трагедијата…
Дел од семејствата на починатите во трагедијата…
(Видео) Пет кученца фрлени на улица, снимен…
Скопјанец исфрлил пет кучиња на улица, кој…
На косовско-српската граница приведен албански полициски инспектор…
Полициски инспектор од полициската станица Камза, со…
Арбен Фетаи свикува итен состанок, очекува распуштање…
Алијансата предводена од Арбен Фетаи утре вечер…