(Видео) Силна турбуленција на лет од Колумбија кон Њујорк: Осум лица завршија во болница
Осум лица биле пренесени во болница откако авион на „Авијанка“, кој летал од Меделин во Колумбија кон Њујорк, бил погоден од силна турбуленција и принудно пренасочен кон Мајами.
Авионот „Ербас А320“ полетал во четврток во 22:40 часот по локално време кон аеродромот ЏФК, но по околу три часа лет морал да го промени курсот и да слета на меѓународниот аеродром во Мајами.
Според податоците од „Флајтрадар24“, авионот претходно летал на височина од околу 35.000 стапки над Јамајка и Куба, а потоа за само неколку минути се спуштил за околу 25.000 стапки, односно приближно 7.500 метри.
Снимки направени од патници во кабината по инцидентот покажуваат вознемирени и повредени патници по силната турбуленција.
Противпожарната и спасувачката служба на Мајами-Дејд соопшти дека по слетувањето интервенирала поради повеќе повредени лица. Осуммина биле пренесени во болница, а најмалку едно лице било во сериозна состојба.
Авионот слетал во Мајами околу 3:30 часот наутро, наместо да го продолжи летот кон Њујорк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Силна турбуленција на лет од Колумбија…
Осум лица биле пренесени во болница откако…
Мицкоски: Филипче прво да одговори како се…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервјуто…
(Видео) Доживотен затвор за серискиот убиец Бојковски:…
Основниот суд во Куманово денеска го осуди…
Удар врз руската дигитална инфраструктура: втор центар…
Војната меѓу Русија и Украина се проширува…
Сообраќајка кај Кале, тешко повреден возач на…
На 08.10.2026 во 10:30 часот во СВР…