Сиљановска Давкова на Свечената академија во Вевчани: За мене Вевчани е синоним за Република
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечерва присуствувала и се обратила на Свечената академија организирана по повод јубилејот „30 години Општина Вевчани“.
Во своето обраќање, претседателката истакна дека Вевчани за неа претставува посебен симбол на автентичност и традиција.
„За мене, Вевчани е синоним за Република, место со сопствен дух, карактер и традиција. Напати велам дека имам двојно државјанство, не само македонско, туку и вевчанско, а вевчанскиот пасош сè уште го чувам, небаре горда вевчанка“, се посочува во објавата на претседателката на Фејсбук.
Таа се потсети и на својот долгогодишен ангажман и поддршка за самостојноста на оваа општина уште од минатиот век.
„Како членка на вевчанската Академија за убави уметности, уште во деведесеттите години говорев, пишував и аргументирав дека Вевчани има право да биде самостојна општина, убедена дека неговата историска, културна и општествена особеност заслужува институционално признание и почит. Има ли нешто поважно од тоа да се зачува место што е синоним за Виа Игнација, за бунтовност, за отпор, за себепочит и за немирен дух којшто создава, критикува и опстојува, пренесувајќи ги тие вредности од генерација на генерација?“, наведува Сиљановска Давкова.
Во објавата, претседателката изразува искрена благодарност до сите вевчанци кои вградиле дел од себе во развојот и напредокот на нивната општина.
„Честитки, со искрени желби Вевчани и понатаму да остане оригинално, оригинерно и автентично“, истакнува претседателката во честитката по повод три децении од формирањето на општината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска Давкова на Свечената академија во Вевчани:…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечерва присуствувала и…
Трамп е бесен на судската забрана да…
Сојузниот апелационен суд во Вашингтон наложи да…
Сенатот на САД со големо мнозинство изгласа…
Сенатот на американскиот Конгрес денеска со големо…
Нова, моќна ерупција на Етна го блокираше…
Вулканот Етна на Сицилија синоќа го потресе…
(Видео) Возач на автобус го соборил дронот…
Терористички напад со беспилотно летало натоварено со…