Со алабнско знаме во раце ги запирал возилата во Нерези – Полицијата го пронајде лицето со чудно однесување
СВР Скопје презеде мерки против возач кој со своето возило го попречувал нормалното одвивање на сообраќајот на крстосница во Скопје. Настанот се случил на 7 октомври, а претходно беше објавен и на социјалните мрежи.
Од МВР информираат дека вчера во СВР Скопје било повикано лицето Ш.А., сопственик на патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки.
Според информациите од полицијата, возилото го попречувало нормалното одвивање на сообраќајот на крстосницата на улицата „Васил Војвода Чакаларов“.
„Од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, преземени се соодветни мерки кон лицето“, информираат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најемотивниот концерт оваа есен: На 13 октомври…
На 13 октомври во прекрасниот амбиент на…
СВЕТОТ НА СПОРТОТ ВО ШОК: Откриено е…
Судењето на векот за смртта на Диего…
Македонци од Леринско повикани во полиција по…
Македонци од Леринско и Воденско во Грција…
Кина купила злато вредно 3,1 милијарди долари:…
Кина продолжува со стратегијата за акумулирање злато…
Трамп: Погрешно ме разбраа кога реков дека…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговите…