Сопругата на премиерот Мицкоски на самит организиран од Меланија Трамп
Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска учествува на дводневниот самит „Fostering the Future Together Global Coalition Samit“ во Вашингтон, организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп, на кој учествуваа претставници од 45 држави и над 20 водечки технолошки компании.
Целта на самитот е да ја зајакне глобалната соработка за подобрување на образованието, технологијата и благосостојбата на децата во услови на дигитална ера.
Оваа иницијатива промовира создавање на партнерства меѓу државите и приватниот сектор, развојот на иновативни образовни програми и користење напредни технологии, како што е вештачката интелигенција, за поддршка на младите.
Во рамките на самитот, Мицкоска имаше свое обраќање на работната сесија на тема „Safety and Protection online“.
ПРОФЕСОРОТ ДАРКО ДАНЕВ – КАНДИДАТ ЗА РЕКТОР НА УКИМ
ПРОФЕСОРОТ ДАРКО ДАНЕВ – КАНДИДАТ ЗА РЕКТОР НА УКИМ
Судскиот совет ја предлага Мери Дика Георгиевска за судија на Уставниот суд
Судскиот совет ја предлага Мери Дика Георгиевска за судија на Уставниот суд
Во својот говор, Рози Мицкоска посочи дека во Македонија веруваме дека дигиталната писменост мора да започне порано во образовниот процес.
– Нашата цел е младите, не само да ја користат технологијата, туку да ја разбираат, да размислуваат критички за неа и да ја користат за решавање на проблеми од реалниот живот. Клучен чекор во оваа насока е училишната програма на 21 век, имплементирана во партнерство со меѓународните организации и приватниот сектор. Денес, 341 основни училишта и околу 1.900 наставници во нашата држава се дел од оваа иницијатива – истакна, меѓу другото, Мицкоска.
Целта на работната сесија е да ги собере првите дами од целиот свет и да се разговара за иновативни начини и стратегии и да се адресираат предизвиците со кои се соочуваат децата и учениците во дигиталната сфера.
После работната сесија, учесниците на самитот, меѓу кои и Мицкоска, присуствуваа и на Tech Expo каде што најпознатите светски компании за напредна технологија презентираа дел од своите производи.
Самитот претставува официјално лансирање на глобална коалиција која има за цел да им помогне на децата ширум светот да стекнат вештини потребни за иднината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сопругата на премиерот Мицкоски на самит организиран…
Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска…
Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја заврши официјалната посета…
Иран: Нашиот одговор на предлогот на САД…
Одговорот на Иран на предлогот на САД…
Шок во судницата за „Пулс“: Дискотеката воопшто…
Новите сведоштва во судскиот процес за трагичниот…
Труењe во РЕК БИТОЛА
ЌОсумдесет и едно лице, вработени во РЕК…