Спасен живот на пациент со трансплантација на црн дроб и подобрен квалитет на живот кај пациент со трансплантиран бубрег
Во најтешкиот момент, едно семејство донесе одлука што значи живот. Со нивната хуманост и несебичност, спасен е човечки живот преку трансплантиран црн дроб на 67 годишен пациент, а на уште една пациентка на 51 годишна возраст и е подарена нова шанса за поквалитетен живот со трансплантација на бубрег. Пациентите се во добра општа состојба и се пуштени на домашно лекување.

– Овие медицински интервенции се воедно и приказни за надеж, за солидарност, за највисок чин на алтруизам. Нема поголем чин од тоа во момент на болка да подарите живот. Ова семејство покажа што значи вистинска хуманост, нивната одлука ќе живее преку тие на кои им е дадена нова шанса. Огромна благодарност на семејството на донорот за овој хуман чин, по загуба на нивен член од семејството, вели министерот за здравство, Азир Алиу.

Националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска изразува „огромна благодарност за семејството без чија согласност немаше да биде можно да се извршат овие трансплантации. Зад секоја трансплантација стои човечка приказна. Овој пат е приказна за храброст и дарување живот. Тоа е највисокиот чин на солидарност што едно општество може да го има“.
Воедно се заблагодаруваме на координаторите за трансплантација и сите медицински екипи од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, Клиниката за дигестивна хирургија, Клиниката за урологија, Клиниката за гастроентерохепатологија, Клиниката за нефрологија и Институтот за трансфузиологија за нивната посветена и неуморна работа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По 10 години се ажурира листата на…
Министерот за здравство, Азир Алиу, соопшти дека…
Христовски: Ќе се прави студија како работат…
Во план е студија околу тоа како…
Владата планира да набави 100 амбулантни возила…
Директорот на Службата за општи и заеднички…
„Мој термин“ не работи – директорката вели…
Системот за закажување прегледи „Мој термин“ денеска…
ХОРОР во пералницата во Клиничкиот центар „Мајка…
Хоророт што со години го живеат вработените…