Објавено на:

Спајиќ: По затворањето на нови поглавја со ЕУ се подготвува координирана хибридна акција за дестабилизација на Црна Гора

t

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, на својот профил на социјалната мрежа Икс објави дека владата располага со сериозни безбедносни оперативни информации дека по најавеното затворање на нови преговарачки поглавја со Европската Унија ќе следи координирана хибридна акција, во која се вклучени функционери од најмалку две земји во регионот.

„Според нашите сознанија, ваквите активности имаат за цел дестабилизација на Црна Гора, со очекувана поддршка од одредени политички актери и делови од медиумската сцена во нашата земја“,напиша тој на Икс.

Сепак, не прецизираше за кои функционери или кои земји зборува.

Посочи дека црногорските власти се свесни за овие намери и за нивната цел, како и дека тие нема да влијаат на европскиот курс на земјата.

„Знаеме за овие намери и сме свесни за нивната цел. Обидите за дестабилизација нема да го променат нашиот курс, ниту ќе го запрат европскиот пат на Црна Гора, што е поголемо од секојдневниот интерес на која било политичка структура“,вели Спајиќ.

Во Брисел минатиот месец се одржа меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Црна Гора, на која земјата ќе ги затвори поглавјето 8, кое се однесува на конкуренција и поглавјето 29 за царинската унија. Со тоа, бројот на затворени поглавја ќе достигне 18 од вкупно 33.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос рече дека Црна Гора е цврсто во последната фаза од формалните пристапни преговори.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта по Самитот ЕУ – Западен Балкан што се одржа на почетокот на јуни во Тиват изјави дека се очекува Црна Гора да стане 28. членка на ЕУ до 2028 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спајиќ: По затворањето на нови поглавја со…

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, на својот профил…

Тргнува градскиот воз во Скопје: Објавен возниот…

Од 1 септември почнува да сообраќа градскиот…

Не чека пеколен празничен ден – температури…

За празничниот ден не чека сончево и…

Сајбер-напад врз три британски аеродроми, украдени податоци…

Податоците на 8,7 милиони корисници се украдени…

Сериозен удар за ФИФА: УЕФА разгледува кривична…

Европската фудбалска унија (УЕФА) разгледува можност за…