ССМ повика на масовен работнички протест на 14-ти месецов

t

Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) најавува масовен протест на работниците на 14-ти март за повисоки плати.

Од ССМ велат дека не се откажуваат од барањето за минимална плата од 600 евра и зголемување на сите останати плати за 100 евра.
„Минималните примања се повеќе во јавниот сектор отколку во приватниот сектор така што и на протестот на 28 јануари имаше многу голема излезност на работниците во јавниот сектор и така ќе биде и сега“, вели Трпе Деановски, претседател на Синдикатот на УПОЗ во изјава за телевизија 24.
Откако во понеделникот на Економско-социјалниот совет беше информирано дека минималната плата ќе се зголеми само за 1.600 денари според мартовското усогласување, претставниците на ССМ ја напуштија седницата и најавија дека продолжуваат со нивните барања на улица.

И претходно годинава ССМ организираше протест, но и блокади во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ССМ повика на масовен работнички протест на…

Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) најавува масовен…

„Катар Енерџи“ прогласи „виша сила за своите…

„Катар Енерџи“ соопшти дека „прогласил виша сила…

ВЛЕН: Уплавот ги принуди ДУИ да го…

ВЛЕН истакнаа дека ДУИ го брани Артан…

Муцунски: Иранскиот ракетен напад кон Турција е…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

Јавното обвинителство поднесе кривична пријава против Виктор…

Виктор Стојанов е бугарскиот државјанин, контроверзен претседател…