Јавното обвинителство поднесе кривична пријава против Виктор Стојанов
Виктор Стојанов е бугарскиот државјанин, контроверзен претседател на бугарската фондација Македонија за кого ЈО поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ предвидено и казниво по член 394-г ст.1 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Стојанов и е добро познат на македонската јавност поради низата антимакедонски објави и провокации со кои го негира постоењето на македонска нација, кампањите за нудење 300 евра за промена на презимето во ов/ев, донирање на бугарски знамиња, сателитска телевизија со бугарски канали и ширење пропаганда и поттикнување тензии преку бугарско медиумско-пропагандната мрежа на портали и поткасти како vestimak.mk, vestimk.mk, 24mk.mk и Почетна пресметка.
Преку неговата фондација “Македонија” е регистриран и посебен сајт www.supportbginmk.eu� на кој се објавуваат случаи за „репресирани“ Бугари од Македонија и се поднесуваат претставки до институциите на ЕУ и Советот на Европа.
Виктор Стојанов е надоврзан на проруската политичката партија од Бугарија „Преродба“, остварува блиски врски и е идеолошки поддржувач и близок на Благовест Асенов лидер на ултранационалистичката групација Национален отпор од Бугарија која заедно со Бугарскиот национален сојуз е организатор и поддржувач на Луковиот марш.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…
Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…
Бомбени закани над Европа: Три авиони на…
Три патнички авиони на „Рајанер“ (Ryanair), кои…
Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…
Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…
Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…
Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…