ССМ поднесе иницијатива за намалување на функционерските плати за 80 проценти
Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) денеска во Собранието поднесе иницијатива за намалување на функционерските плати за 80 проценти.
Од ССМ побараа од пратениците сами да поднесат законски измени, а доколку тие не го направат тоа, тогаш, според регулативата, ќе собрат 10.000 потписи од работниците и ќе добијат право сами да поднесат измени на Законот. ССМ бара кога веќе пратениците не го гласаат Законот за раст на минималната плата, тогаш да се солидаризираат со работниците и да си ги намалат своите плати за 78 проценти, онолку колку што ги зголемија во април 2023 година.
Инаку, ССМ бара минимална плата од најмалку 600 евра, а сите други плати да се зголемат за 100 евра. За ова неодамна имаше и протести.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Потврдена цврстата основа на македонско-канадското партнерство: Муцунски…
На маргините на Генералното собрание на Обединетите…
Унгарец се обиде во две торби да…
Спречен обид за нелегално внесување на непријавени…
Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга
Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…
Разговарале Путин и саудискиот престолонаследник
Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараше со…
Криминална шема во Грција: Измамници со фиктивни…
Криминална организација во Грција, преку фиктивни компании…