Ставен под контрола пожарот кај „Рампа“, повреден е пожарникар – се огласи Ѓорѓиевски

t

Пожарот кој пред неполн час избувна во објект кај „Рампа“, благодарение на брзата, храбра и професионална интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, во рекордно време е ставен под контрола и локализиран, објави на Фејсбук скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

Со тоа, додаде градначалникот, беше спречено негово проширување кон околните објекти и избегната е поголема трагедија.

-Фала Му на Бога, жртви нема. За жал, еден пожарникар е повреден при интервенцијата и веднаш е пренесен на клиника. Му посакувам брзо закрепнување и изразувам огромна благодарност за неговата пожртвуваност – нагласи Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека ова е уште еден доказ колку е важна Противпожарната бригада и колку секојдневно пожарникарите го ризикуваат сопствениот живот за да ги заштитат граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ставен под контрола пожарот кај „Рампа“, повреден…

Пожарот кој пред неполн час избувна во…

Огромен пожар му се заканува на Солун:…

Во околината на Солун, вториот по големина…

Руски воени бродови се упатија кон Кина,…

Кинеската и руската морнарица следната недела ќе…

Ивановски: Филипче е врвен неврохирург, но не…

Игор Ивановски, по повеќе од една деценија…