Објавено на:

Станбена криза во Холандија зема замав: Паркинг простор во Амстердам достигна 495.000 евра

t

Паркинг простор во близина на Вонделпарк, најголемата зелена површина во Амстердам, се продава за речиси половина милион евра, што е шокантна цена дури и за Холандија, каде што цените енормно се зголемија поради тешката станбена криза.

Местото ставено на оглас за 495.000 евра е со површина од 18 квадратни метри и, според агенцијата за недвижности „J. Heule“, се наоѓа во затворен комплекс и „на најпознатата и ексклузивна шопинг улица во Холандија“. Исто така може да се изнајми за 750 евра месечно.

Огласот ја шокираше Холандија, која е погодена од тешка станбена криза. Бараната цена на паркингот е повисока од просечната цена на стан во Холандија, која според извештајот објавен на крајот на 2023 година изнесува 430.000 евра.

Покрај скокот на цените, холандски РТЛ истакнува дека во Холандија се затворени многу паркинзи во центрите на градовите за да бидат помалку атрактивни за автомобилите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Станбена криза во Холандија зема замав: Паркинг…

Паркинг простор во близина на Вонделпарк, најголемата…

Кириите во Амстердам се највисоки во Европа!

Кириите во Амстердам се највисоки во Европа,…

Јужна Кореа најави парична помош за Украина,…

Јужна Кореја ќе и обезбеди на Украина…

Холандија има најкратка работна недела, луѓето работат…

Земја со најкратка работна недела е Холандија,…

Четири експлозии во една ноќ во Амстердам,…

Во Амстердам во текот на ноќта се…