„Стоп за Усје“: Општина Кисела Вода лаже, мерната станица во дворот на Усје може да покажува колкаво е загадувањето во реално време
Граѓанската иницијатива одржа прес-конференција пред Општина Кисела Вода, посочувајќи дека од Општината добиле лажни информации во врска со мерната станица која Општината ја постави во Усје.
„Кога побаравме од Општината информациите од оваа мерна станица да бидат видливи и интегрирани на апликациите како Air Care, нешто што е дел од нашите главни барања, од таму ни одговорија, цитирам: „Мерните станици нема да можат да се интегрираат во апликацијата Air Care, Air Quality на МЖСПП, бидејќи истите не располагаат со систем кој што поддржува 24/7 достапност на податоците“. Ова тврдење на Општината е целосна лага. Уредот кој општината го набави и во 2024 година го постави е Aeroqual AQS-1. Истиот поддржува онлајн пренос и API. Мери PM10, PM2.5, но и SO₂ и NOx, а ние го гледаме само она што тие ќе одлучат да го објават. Оттука, прашуваме: Чии интереси штити Општина Кисела Вода? На нас, граѓаните или на загадувачите како цементарница Усје? Нема да поминат лагите на институциите кои очигледно одлучија да се стават на страната на Усје наместо на страната на граѓаните кои бараат да дишат чист воздух“, велат од „Стоп за Усје“.
Од таму побараа мерната станица во дворот на Усје да почне да работи во полн капацитет и да биде интегрирана во апликациите, а мерењата да бидат видливи 24/7 и да ги покажуваат сите можни мерења, со став дека истата може да мери колкаво е загадувањето од согорувањето на петролкокс и јаглен кои ги користи цементарницата.
„Наместо во реално време да видиме колку загадува Усје,, гледаме рачно изготвени PDF извештаи. Тогашниот градоначалник на Кисела Вода и актуелен градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски при поставувањето на оваа иста станица посочи дека сега се институциите на потег и дека е потребен неселективен ангажман од градот и од централната власт. Сега, кога е тој на чело на градот, нека биде пример за неселективен ангажман, на кој треба да постапуваат сите кои се носители на функции. Бараме оваа мерна станица, која има можности да работи во полн капацитет, односно да биде интегрирана во апликациите веднаш да биде видлива 24/7 и да ги покажува сите можни мерења. Мерната станица во дворот на Усје може да покаже колкаво е загадувањето од согорувањето на петролкокс и јаглен кои ги користи Усје“, посочија од „Стоп за Усје“.
Иницијативата повторно ги повика сите да се вклучат во борбата за чист воздух.
„Истовремено, да повториме дека сега, кога Усје е во фаза на барање нова лиценца, сите може да влијаеме во сѐ што значи исцртување на А-интегрираната еколошка дозвола. Затоа сега ни е потребен секој од вас да се вклучи во борбата, конечно ние, нашите деца и нашите семејства да дишеме чист воздух. Ги повикуваме сите, особено еколошките експерти, професори, здруженија и активисти да дадат свој придонес. Ги повикуваме и институциите, конечно да застанат на страната на народот и да кажат стоп на загадувањето од Усје, бидејќи со игнорирањето на овој проблем, стануваат соучесници во труењето на својот народ“, велат од иницијативата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Стоп за Усје“: Општина Кисела Вода лаже,…
Граѓанската иницијатива одржа прес-конференција пред Општина Кисела…
Левица: Здравјето на скопјани чини 21 милиони…
Олигархијата е солидарна кога станува збор за…
(ВИДЕО) Добредојде за сите, освен за Инфомакс:…
ПР тимот на Титан Усје им посака…
(Видео) „Стоп за Усје“ највува граѓанска блокада…
Пред утрешната блокада најавена од граѓанската иницијатива…
Од Влада велат дека Усје не загадува
На денешната заедничка прес - конфернција во…