Стотици случаи на детски бракови во Германија: Меѓу нив и девојче од само 11 години
Во германската покраина Баден-Виртемберг се регистрирани стотици случаи на бракови во кои било вклучено малолетно лице, а меѓу нив има и девојчиња на возраст од само 11 години.
Според податоците објавени по пратеничко прашање до покраинската влада, од април 2012 година биле евидентирани 358 вакви бракови, но само осум од нив биле официјално поништени.
Еден од најекстремните случаи е регистриран во 2020 година, кога 11-годишно девојче од Ирак било во брак со 17-годишно момче. Во друг случај од 2018 година, 14-годишно девојче од Авганистан било во брак со 30-годишен маж.
Од 2015 година биле регистрирани околу 350 случаи, а значителен дел од малолетниците потекнувале од Сирија, Ирак, Авганистан и Пакистан.
Податоците беа објавени откако претставници на партијата „Алтернатива за Германија“ побарале информации од покраинските власти. Според нив, околу 40 проценти од регистрираните случаи вклучувале сириски државјани.
Покраинската влада соопштила дека, и покрај бројот на регистрирани случаи, во моментов не се водат постапки за поништување на некој од овие бракови.
Најголемиот дел од малолетниците во ваквите заедници се девојчиња. Според податоците на Обединетите нации, речиси една од пет жени во светот стапила во брак пред 18-годишна возраст, додека една од 25 била помлада од 15 години.
УНИЦЕФ ги определува детските бракови како сериозно кршење на човековите права и предупредува дека тие можат да доведат до прекин на образованието, рана бременост, социјална изолација и зголемен ризик од семејно насилство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стотици случаи на детски бракови во Германија:…
Во германската покраина Баден-Виртемберг се регистрирани стотици…
Четворица тешко повредени во групна тепачка во…
Четири лица се здобиле со тешки телесни…
Македонската атлетика има нов рекордер: 14-годишната Јана…
Македонската атлетика доби уште едно младо име…
Дарио Ивановски обезбеди пласман на Светското првенство…
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски обезбеди пласман на…
Од 1 ноември Црна Гора воведува визи,…
Најавеното воведување визен режим за граѓаните на…