Стотици училишта во Германија и во Данска добиле заканувачки пораки: „Ве чека смрт“
Повеќе од 450 училишта ширум Германија денеска примиле заканувачка електронска порака со наслов „Ве чека смрт“. Исти пораки биле испратени и до училиштата во Данска.
Според досегашните информации, заканите биле испратени по електронска пошта на адресите на повеќе од 450 училишта низ целата земја, соопшти полицијата во Фрајбург, во германската сојузна покраина Баден-Виртемберг.
И покрај големиот број закани, полицијата во моментов не верува дека постои реална опасност за учениците.
Во моментов нема информации за постоење на конкретна закана за училиштата што ги примиле пораките, соопшти полицијата во Фрајбург.
Полицијата во германската покраина Тирингија им препорача на училиштата „да не преземаат мерки за евакуација и да продолжат да работат како и обично“. Сепак, некои училишта одлучија да ги испратат учениците дома.
Закани се потврдени и во училиштата во сојузните покраини Долна Саксонија и Шлезвиг-Холштајн.
Се уште не е познато кој ги испратил заканувачките пораки, Надлежните служби спроведуваат истрага за нарушување на јавниот ред и мир со закани за извршување кривични дела.
Данската полиција, која исто така добила пријави, објави дека нема причина за загриженост ниту во нивната земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стотици училишта во Германија и во Данска…
Повеќе од 450 училишта ширум Германија денеска…
Пожар во стан на Бит Пазар, сопственикот…
На 22.11.2026 во 11:00 часот во СВР…
Тошковски: Формиран Национален комитет за заштита на…
Во Скопје денеска се одржа конститутивниот состанок…
Зеленски повторно побара Украина да стане членка…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска преку…
Полска ќе го повика рускиот амбасадор по…
Рускиот амбасадор во Полска ќе биде повикан…