Тепачка меѓу затвореници во „Идризово“, еден заврши во болница
Еден затвореник е повреден во тепачка со двајца други осуденици во Казнено-поправната установа „Идризово“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
„На 01.04.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 12:40 часот за време на редовната прошетка, осудениците Е.А.(32) и Ш.И.(35), од една страна и С.М.(26) од друга страна, со тврди предмети си размениле удари, а потоа Е.А. со остар предмет му нанел повреда на С.М., на кој му била укажана помош во амбулантното одделение, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, стои во полицискиот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тепачка меѓу затвореници во „Идризово“, еден заврши…
Еден затвореник е повреден во тепачка со…
МВР преку снимките од „Пјур“ ќе утврдува…
Полицијата ќе ги бара снимките од камерите…
Во амбулантното одделение во Затвор-Идризово пронајдени четири…
Вчера во 22:50 часот во СВР Скопје,…
Стразбур донесе одлука во корист на затвореник…
Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и…
Газдата на „Пулс“ бара да го пренесат…
Одбраната на Дејан Јованов-Деко, газдата на „Пулс“,…