Тешка сообраќајна несреќа кај Битола: Четири возила се судрија, осум луѓе завршија во болница
Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на магистралниот пат А3 Битола – Прилеп, во близина на мостот на реката Шемница, каде во верижен судир учествувале четири возила.
Во несреќа повредени се осум луѓе, кои со сериозни телесни повреди биле пренесени во Клиничката болница во Битола. Едно лице поради тежината на повредите веднаш било однесено на операција, додека шест пациенти се задржани на Одделението за хирургија, а двајца се хоспитализирани на Одделението за ортопедија.
Поради несреќата, сообраќајот на оваа делница е целосно прекинат, а на местото веднаш пристигнале екипи на СВР Битола, противпожарна единица и итна медицинска помош.
„На магистралниот пат А3 Битола Прилеп во близина на мост на река Шемница, сообраќајот е во прекин од 9 часот поради случена сообраќајна незгода“, информираа од АМСМ.
Од пожарната од Битола информираат дека и покрај силниот удар меѓу возилата, немало избувнување на пожар.
На местото се врши увид од полициски екипи на СВР Битола и надлежен јавен обвинител, по што ќе бидат познати причините и околностите за несреќата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка сообраќајна несреќа кај Битола: Четири возила…
Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на…
Четиригодишно дете од Скопје прегазено во Гостивар,…
Четиригодишно дете од Скопје било прегазено од…
Прегазен 44 годишен скопјанец, во него удри…
МВР информира дека синоќа околу 22:30 часот…
(Видео) Битола „на вода“ по вечерашното невреме
Силно невреме со обилен дожд вечерва ја…
Седум страшни сообраќајни несреќи во еден ден…
Еден 28-годишен возач вчера загина кај кратовското…