Прегазен 44 годишен скопјанец, во него удри „бмв“ со белгиски регистрации
МВР информира дека синоќа околу 22:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Вашингтонска“ во Скопје, 62-годишниот Р.О. од Скопје, управувајќи патничко возило „бмв“ со белгиски национални ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во ограда на двор и во пешакот Ј.Д.(44) од Скопје, а потоа во две паркирани возила во дворното место – патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, паркирани од Ј.Д..
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди возачот Р.О., констатирани во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“ и Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка сообраќајна несреќа во БиХ: Се судриле…
Едно лице загинало во тешка сообраќајна несреќа…
42 годишна жена од Македонија загина во…
Тешка сообраќајна несреќа со двајца загинати и…
Автомобил удрил во човек во инвалидска количка
На улицата „Борис Трајковски“ во Скопје се…
Трагедија: Маж загина откако со мотоцикл удри…
На 06.09.2026 година околу 13:00 часот во…
Тетовец возел со три промили алкохол во…
На 05.09.2026 во 13:00 часот, полициски службеници…