Тешка сообраќајна несреќа на булевар „Србија“ – повредени три лица
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а едно со телесни повреди во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на булеварот „Србија“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, на 6 јануари 2026 година околу 21:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Србија“ се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „даихатсу“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ч. (63) од Прилеп, со престој во Скопје, и трицикл марка „томос“, управуван од М.С. (18) од Скопје.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на трициклот М.С. и неговиот сопатник С.Р. (23), додека уште еден сопатник од трициклот, И.С. (19), се здобил со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје, а се работи на целосно расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка сообраќајна несреќа на булевар „Србија“ –…
Две лица се здобиле со тешки телесни…
Велешанец возел со 2,90 промили алкохол во…
На 06.01.2026 во 11:45 часот на улица…
Изгубил контрола врз возилото и удрил во…
На 05.01.2026 во 19:15 часот во СВР…
Лишен од слобода возачот што удри пешак…
На 06.01.2026 околу 01:50 часот во СВР…
ОЈО поведе постапка за сообраќајната несреќа во…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…