Трагедија во Хрватска: Во пожар загинаа татко и две деца
Три лица го загубија животот во пожар што утрово избувна во семејна куќа во Свети Криж Зачретје, во Крапинско-загорската жупанија во Хрватска.
Според информациите на Полициската управа Крапина-Загорје, пријавата за пожарот била примена околу 7:20 часот, кога било пријавено дека од куќата се издига густ црн чад, а претходно била слушната и експлозија.
Пожарникарите пристигнале на местото на настанот само неколку минути подоцна, а пожарот бил ставен под контрола за кратко време.
„Пожарот беше целосно локализиран во 7:38 часот, при што во куќата беа пронајдени три безживотни тела“, изјави Стјепан Скулибер, претседател на Противпожарната служба на Крапинско-загорската жупанија.
Според локалниот портал Zagorje.com, меѓу загинатите се татко и неговите две деца. Неофицијално, едното дете било матурант, додека другото годинава го завршило основното образование.
Соседи за истиот портал изјавиле дека непосредно пред пожарот слушнале три истрели, по што куќата се запалила. Засега овие информации не се официјално потврдени од полицијата.
Тие додаваат дека сопругата и мајка на децата во моментот на трагедијата не била дома, бидејќи била на работа. Таа пристигнала на местото откако дознала дека нејзиниот дом гори, а сведоците велат дека била во состојба на шок.
Полицијата и надлежните служби вршат увид на местото на трагедијата, по што се очекуваат повеќе информации за причините за пожарот и околностите што довеле до смртта на трите лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во Хрватска: Во пожар загинаа татко…
Три лица го загубија животот во пожар…
Министерството за одбрана на Хрватска се откажа…
Министерството за одбрана на Хрватска (МОРХ) се…
Хрватска ја услови Црна Гора: „Решете ги…
Хрватското Министерство за надворешни и европски работи…
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Ужасно невреме во Хрватска — четири суперќелиски…
Истра, Хрватска, денеска беше погодена од силна…