Објавено на:

Трамп е бесен на судската забрана да ја гради салата за танцување во Белата куќа

t

Сојузниот апелационен суд во Вашингтон наложи да се запрат градежните работи за свечената сала вредна 400 милиони долари која се гради на местото на урнатото Источно крило на Белата куќа, објави Скајњуз. Со ова е потврдена привремената мерка за забрана што ја избори непрофитната организација за заштита на културното наследство „National Trust for Historic Preservation“. Судот истовремено ја одложи примената на оваа одлука за 14 дена за да ѝ овозможи на администрацијата на Трамп да поднесе жалба до Врховниот суд на САД.

Спорната сала, со површина од околу 8 360 квадратни метри, е најраскошниот потфат на Доналд Трамп во рамките на преуредувањето на комплексот владини згради и споменици во Вашингтон. Здружението за заштита на наследството ја поднесе тужбата минатата година, откако администрацијата го урна Источното крило и почна да гради без одобрение од Конгресот. Претходно, сојузниот окружен судија Ричард Леон кој беше именуван од поранешниот републикански претседател Џорџ Буш во два наврати ги блокираше градежни работи, пресудувајќи дека ниту еден сојузен закон не му дава овластување на претседателот за ваква изградба без согласност од Конгресот.

Администрацијата смета дека новата сала е неопходна за одржување големи официјални приеми и за заштита на Белата куќа, тврдејќи дека урнатото Источно крило ги изложувало претседателот и другите функционери на опасност од напади.

Се огласи и самиот Трамп, кој на својата платформа Truth Social остро ја нападна судската одлука и најави жалба до Врховниот суд, порачувајќи дека неправедната пресуда мора целосно да се укине. Салата ја опиша како „насушно потребна“, „целосно безбедна“ и додаде дека се гради „пред рокот и во рамките на буџетот“. Трамп му префрли на судот што одбива да признае дека салата е „подарок од претседателот Трамп и големите патриоти на Соединетите Американски Држави“, повторувајќи дека изградбата нема да ги чини американските даночни обврзници ниту еден цент бидејќи се финансира од приватни донации, пренесува Скајњуз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп е бесен на судската забрана да…

Сојузниот апелационен суд во Вашингтон наложи да…

Сенатот на САД со големо мнозинство изгласа…

Сенатот на американскиот Конгрес денеска со големо…

Нова, моќна ерупција на Етна го блокираше…

Вулканот Етна на Сицилија синоќа го потресе…

(Видео) Возач на автобус го соборил дронот…

Терористички напад со беспилотно летало натоварено со…

ЕУ им постави ултиматум на пет држави…

Европската Унија им постави ултиматум на пет…