Објавено на:

Трамп: Морам да го запрам убивањето на иранските лидери за да знам со кого преговараат САД

t

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мора да го запре убивањето на иранските лидери за да утврди со кого преговараат Соединетите Американски Држави. Тој повторно го истакна ставот дека на Иран никогаш не смее да му биде дозволено да развие нуклеарно оружје.

„Морам да престанам да ги убивам иранските лидери, бидејќи морам да разберам со кого, по ѓаволите, преговараме“, рече Трамп на предизборен митинг во Џорџија, пренесоа медиумите.

Трамп повтори дека Иран веќе нема авиони, бродови, ниту лидери.

„Лидерот од прво ниво го нема, лидерот од второ ниво го нема“, изјави американскиот претседател.

Тој ја бранеше и својата одлука од 2018 година за повлекување на САД од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, склучен за време на мандатот на тогашниот американски претседател Барак Обама. Трамп тврдеше дека одлуката ја донел во клучен момент за да спречи Техеран да дојде до нуклеарно оружје.

„Раскинав еден од најлошите договори некогаш склучени — Заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA) на Барак Хусеин Обама, познат и како иранскиот нуклеарен договор, кој водеше кон тоа Иран да дојде до нуклеарно оружје. За среќа, го раскинав токму навреме“, рече Трамп.

Тој повтори и дека САД ги уништиле иранските капацитети за збогатување ураниум во воените операции спроведени оваа и минатата година.

„Ги поразивме воено, финансиски и на други начини. Мора да се погрижиме никогаш, ама баш никогаш, да не дојдат до нуклеарно оружје“, порача Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Морам да го запрам убивањето на…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мора…

САД ги повлекува дипломатите и членовите на…

Соединетите Американски Држави забрзано преместуваат дел од…

Хамнеи бара воена отштета од САД и…

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи,…

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…