Објавено на:

Трамп на Ирците им вети дека ќе ги укине царините за нивното виски

t

Американскиот претседател Доналд Трамп, денеска, на крајот од дводневната посета на Ирска, објави дека ќе ги укине американските царини за ирското виски, пренесе Си-ен-ен.

Толпата со аплауз ја поздрави јавата на американскиот претседател за време на церемонијата на доделување награди на Ирскиот Опен во голф-ресортот Дунбег во округот Клер.

Тој изјави дека разговарал за царините за виски со ирскиот премиер Мајкл Мартин и голферот Лоури.

„Ме прашува дали ќе ми направите услуга? Неправедно е што се случува. Можете ли некако да ги отстраните царините за ирското виски и јас реков дека во име на Соединетите Американски Држави ќе ги отстранам царините за ирското виски“, рече Трамп.

Вискито произведено во Ирска увезено во САД подлежи на царина од 10 отсто.

Ирското здружение за виски соопшти дека „од срце ја поздравува“ најавата на Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп на Ирците им вети дека ќе…

Американскиот претседател Доналд Трамп, денеска, на крајот…

Нов метод за рафинирање на нафтата: Може…

Кинеските научници развија нов метод што ја…

Не очекува пријатно време цела недела: Услови…

Сончево со мала до умерена локална облачност.…

(Видео) Шега го задоцнила 4 часа летот…

На аеродромот во градот Монастир во Тунис,…

Тесни избори во Шведска: Водат социјалдемократите

Шведските партии од левиот центар, кои ја…