Трамп не се противи Кина да произведува автомобили во САД
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека не се противи на можноста кинеските компании да произведуваат автомобили во САД, и покрај големиот отпор од американските законодавци и автомобилската индустрија.
– Ако Кина сака да влезе и да отвори фабрика за да ги произведува своите автомобили тука, тоа за мене би било во ред – рече Трамп во интервју за телевизијата Фокс Њуз во емисијата „Ingraham Angle“.
– Јапонија го прави тоа, но ги вработуваат нашите луѓе. Важната работа е што ги вработуваат нашите луѓе – рече тој.
Трамп додаде дека не сака кинеските компании да произведуваат автомобили во Мексико и потоа да ги испраќаат во Соединетите Држави.
Американските производители на автомобили го повикаа Трамп, кој за две недели треба да се сретне со кинескиот колега Шји Џјинпинг, да не ѝ овозможи пристап на кинеската автоиндустрија до американскиот пазар.
Демократската сенаторка Елиса Слоткин во средата изјави дека постојат „гласини дека Трамп има намера да дозволи продажба на кинески автомобили во САД во рамките на поголем договор што го подготвува. Тоа би било стратешка грешка“.
Трамп ги нарече тврдењата на Слоткин „целосно лажна гласина“ и рече дека тој ги блокирал кинеските возила во САД.
Регулативата што ја воведе администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден на почетокот на 2025 година им забранува на сите кинески производители на автомобили да продаваат или да произведуваат патнички возила во САД. Вашингтон исто така задржува повеќе од 100-процентни царини за кинеските електрични возила.
Групацијата што ги претставува речиси сите големи производители на автомобили во земјата минатата недела го повика Конгресот брзо да усвои закон со кој на кинеските возила трајно би им се забранил пристап до американскиот пазар.
Групацијата Alliance for Automotive Innovation, која ги претставува компаниите General Motors, Ford, Toyota, Volkswagen, Hyundai, Honda, Stellantis и други, повика законот да се изгласа до крајот на декември.
– Во овој момент кинеските производители на автомобили пласираат субвенционирани возила со поврзан хардвер и софтвер по прениски цени ширум светот – изјави шефот на групацијата Џон Бозела во писмо упатено до лидерите на Конгресот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп не се противи Кина да произведува…
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека…
ВМРО-ДПМНЕ: 4,6 милиони евра провизии за незавршена…
ДЗР утврдил неефикасно управување со стратешките проекти…
Каратистката Мицовска освои сребро на Европското универзитетско…
Македонската каратистка Јована Мицовска го освои сребрениот…
Путин: Влегувањето на европски војници на украинска…
Влегувањето на европски војници на украинска територија…
Бела куќа: Руски функционер ќе присуствува на…
Руски функционер ќе присуствува на состанокот на…