Објавено на:

Трамп подготвува нови царини: Ќе поскапат чиповите, компјутерите и серверите

t

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува нов пакет сеопфатни царини за полупроводници, објави „Политико“, повикувајќи се на повеќе извори запознаени со преговорите.

Според предлогот што се разгледува, царините не би се однесувале само на микрочиповите, туку и на производите во кои тие се вградуваат, како лаптопи, конзоли за видеоигри и сервери за центрите за податоци.

Американскиот министер за трговија Хауард Латник се залага за модел според кој странските компании би можеле да добијат царински олеснувања доколку инвестираат во производство на чипови во САД. Целта е да се поттикне домашното производство на полупроводници.

Вашингтон истовремено разгледува и можност за постепено воведување на новите царини. Според „Политико“, предложената рамка би можела значително да се измени во наредните недели или месеци.

Американскиот трговски претставник Џејмисон Грир во мај изјави дека во блиска иднина не се очекува воведување нови царини за полупроводниците. Сепак, тој тогаш нагласи дека е важно овој сектор да биде заштитен со царински мерки, со цел да се поттикне враќањето на производството на чипови во САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп подготвува нови царини: Ќе поскапат чиповите,…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува…

Четири активни пожари и три под контрола,…

Центар за управување со кризи: Информација за…

Дополнителен автобус и крводарителска акција на Матка…

По повод празникот Успение на Пресвета Богородица –…

Србија потврди: Ратко Младиќ ќе биде погребан…

Генералот на Војската на Република Српска Ратко…

Сончево и топло, попладне со услови за…

Времето денеска ќе биде сончево и топло…