Објавено на:

Ужас во Косово: убиена бремена жена, а нејзиниот сопруг се бори за живот — биле пронајдени застрелани во нивната спална соба

t

Млада бремена жена вчера била убиена, а нејзиниот сопруг тешко ранет во пукање во косовското село Кервасари кај Малишево, пренесуваат косовските медиуми.

Според информациите, мажот и жената биле пронајдени тешко ранети во нивната спална соба, а на местото на настанот е пронајдено и огнено оружје за кое се верува дека е употребено во злосторството.

„Случајот е пријавен во полиција синоќа околу 23:20 часот, а по пристигнувањето на местото на настанот, полициските единици пронајдоа брачен пар ранет од огнено оружје во спалната соба“, потврди Вљера Красниќи, портпаролка на косовската полиција за регионот Ѓаковица.

Несреќната жена им подлегнала на повредите пред да пристигнат лекарите да ѝ помогнат.

„Жена примена без знаци на живот, маж во многу тешка состојба“

Клиничкиот центар во Приштина утрово соопшти дека околу 00:15 часот, две лица од регионот Малишево биле примени во нивниот Ургентен центар.

„25-годишна жена пристигна без знаци на живот, со прострелни рани. Нејзиниот сопруг, на 26 години, е примен со прострелни рани и е на лекување во Ургентниот центар. Неговата здравствена состојба е многу сериозна“, соопштија од Ургентниот центар.

Истражните органи ги утврдуваат точните околности и причини за настанот.

На местото на настанот излегле надлежните полициски и форензички единици, а полицијата во утринскиот извештај прецизира дека е запленет еден револвер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ужас во Косово: убиена бремена жена, а…

Млада бремена жена вчера била убиена, а…

Екс командант на ОВК со директна закана:…

Поранешниот командант на ОВК, Насим Харадинај, упати…

АХВ уништи над 27,5 тони небезбедно УХТ…

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска порача…

Николоски: Владата прави се што е во…

Владата има целосно разбирање за македонските транспортери,…