Унгарија одби да го поддржи започнувањето на постапката за отворање на Кластерите 2 и 3 за Украина
Унгарија одби да го поддржи започнувањето на постапката за отворање на кластерите 2 и 3 за Украина и го поддржа само кластерот 3 за Молдавија, на денешниот состанок на Работната група за земјите што преговараат за пристапување кон Европската унија (COELA), објави „Украинска правда“.
Денес беа дискутирани резултатите од скринингот за кластерите 2 и 3 за Украина и Молдавија со цел да се одобрат и да се испратат официјални писма до двете земји, со кои ќе ги поканат да ги достават своите преговарачки позиции за двата кластера, но Унгарија даде зелено светло само за писмото за кластерот 3 за Молдавија, изјави изворот на украинскиот портал.
Тој истакна дека неколку членки на ЕУ се спротивставиле на одвојувањето на Украина и Молдавија во преговорите за пристапување, па затоа писмото дури и не било испратено во Кишињев.
Во отсуство на консензус, беше одлучено повторно да се разговара за постапката за отворање на кластерите 2 и 3 за Украина и Молдавија на 22 јули, а тоа ќе биде последниот состанок пред летната пауза.
Шестиот преговарачки кластер за надворешна политика се отвори за Украина во Брисел на 14 јули, откако Унгарија објави дека го повлекува своето вето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарија одби да го поддржи започнувањето на…
Унгарија одби да го поддржи започнувањето на…
САД подготвени за жестока ескалација на војната…
Администрацијата на Трамп го информираше Израел дека…
(Видео) Голем пожар во Норвешка, изгореа повеќе…
Повеќе од 50 куќи беа уништени во…
Пекинг: Кина нема интерес да влијае на…
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи,…
Младите Англичани под 16 години нема да…
Во Англија од април следната година ќе…