Објавено на:

Пекинг: Кина нема интерес да влијае на американските избори

t

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, денес изјави дека Кина ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека тој се мешал во изборите во САД, оценувајќи ги како неосновани и злонамерни.

На редовната прес-конференција, Џиан рече дека ваквите обвинувања се „целосно измислени“ и дека одамна е докажано дека немаат основа во фактите, објави „Глобал тајмс“.

Лин рече дека Кина постојано го почитува принципот на немешање во внатрешните работи на други земји и нема интерес да влијае на изборите во САД.

Тој, исто така, ги обвини САД за мешање во внатрешните работи на други земји, за вршење надзор на влади, компании и граѓани низ целиот свет, како и за собирање податоци за странски државјани.

„Ја повикуваме американската страна да ги преиспита своите постапки, да престане со неоснованите обвинувања против Кина и да не ја користи Кина како тема во изборната политика“, рече Лин, според Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пекинг: Кина нема интерес да влијае на…

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи,…

Младите Англичани под 16 години нема да…

Во Англија од април следната година ќе…

И Србија отвори стратешки дијалог со САД

Американскиот државен секретар Марко Рубио го отвори…

ЕУ назначи словенечки дипломат за „помирување и…

Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко…

Над 200 шумски пожари беснеат низ Канада,…

Ситуацијата со шумските пожари во Канада продолжува…