Унгарија одби да го поддржи започнувањето на постапката за отворање на Кластерите 2 и 3 за Украина
Унгарија одби да го поддржи започнувањето на постапката за отворање на кластерите 2 и 3 за Украина и го поддржа само кластерот 3 за Молдавија, на денешниот состанок на Работната група за земјите што преговараат за пристапување кон Европската унија (COELA), објави „Украинска правда“.
Денес беа дискутирани резултатите од скринингот за кластерите 2 и 3 за Украина и Молдавија со цел да се одобрат и да се испратат официјални писма до двете земји, со кои ќе ги поканат да ги достават своите преговарачки позиции за двата кластера, но Унгарија даде зелено светло само за писмото за кластерот 3 за Молдавија, изјави изворот на украинскиот портал.
Тој истакна дека неколку членки на ЕУ се спротивставиле на одвојувањето на Украина и Молдавија во преговорите за пристапување, па затоа писмото дури и не било испратено во Кишињев.
Во отсуство на консензус, беше одлучено повторно да се разговара за постапката за отворање на кластерите 2 и 3 за Украина и Молдавија на 22 јули, а тоа ќе биде последниот состанок пред летната пауза.
Шестиот преговарачки кластер за надворешна политика се отвори за Украина во Брисел на 14 јули, откако Унгарија објави дека го повлекува своето вето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вашингтон бара ЕУ да ослободи дизел од…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…
Трамп: Војната со Иран ќе заврши „многу,…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…
Борисов прашува што ќе даде за возврат…
Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов вели дека…
Попpeчена активност на криминално верско радикална групација
Агенцијата за национална безбедност во координација со…
Трамп на прашањето зошто Северна Кореја може…
Американскиот претседател Доналд Трамп се повика на…