Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај

t

Од понеделник, 29 април, заклучно со 6 мај (понеделник), основците и средношколците се на пролетен распуст кој по првпат е воведен оваа учебна година.

Според промената во календарот за настава, учебната 2023/2024 година за учениците од основно образование ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците како и минатите на 10 јуни.

Неработен ден за училиштата ќе биде на 8 мај (среда) – денот на одржување на вториот круг од претседателските и парламентарните избори. Еден ден претходно, вторник (7 мај), оние училишта во кои утредента ќе се организира гласањето ќе имаат скратени часови и работно време до 11 часот.

Наставата на деновите на одржување на изборите ќе бидат неработни и, како што информираа од Министерството за образование и наука (МОН), ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови.

Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30 ноември 2023 кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоковиќ 37. роденден ќе го дочека на…

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ и…

Медведев: Влегувањето на западните трупи во Украина…

Испраќањето на трупите на западните земји на…

Еве колку време може да се јадат…

Во зависност од тоа дали се на…

Косовец со нож се шетал низ Гази…

Полицијата вчера приведе Косовец во Гази Баба…

Полицаец со двајца другари киднапирале скопјанец –…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…