Фадиљ Пушколи, поранешен припадник на ОВК, вчера бил приведен на „Блаце“, а по испрашувањето бил ослободен

t

Фадиљ Пушколи, сопственик на косовската новинска агенција КосоваПост и поранешен припадник на ОВК, синоќа бил приведен на граничниот премин „Блаце“ по налог и потерница издадена од Србија. За задржувањето на граница преку објава на Фејсбук информира самиот Пашколи, кој побара институциите од Косово веднаш да ги преземат сите неопходни мерки за решавање на овој случај и за заштита на неговите права. Кратко потоа тој напиша дека бил пуштен.

Пушколи во вечерашната објава ѝ се заблагодарува на македонската полиција и посебно на Албанците во нејзините редови.

„По разговорот и испрашувањето, бев ослободен од полицијата на Северна Македонија. Сакам да ѝ се заблагодарам на полицијата на Северна Македонија, особено на полицајците Албанци, за коректноста, почитта и доброто однесување во текот на целата постапка“, напиша тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фадиљ Пушколи, поранешен припадник на ОВК, вчера…

Фадиљ Пушколи, сопственик на косовската новинска агенција…

Тошковски: Време е и за нас да…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…

Артан Груби и Перпарим Бајрами повторно седнаа…

Покрај Груби и Бајрами, во случајот обвинети…

(Фото+Видео) Нови детали за откриената плантажа со…

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица,…

За пет часа санкционирани 75 возачи поради…

Вкупно 75 сообраќајни прекршоци за непочитување на…