Филипче: Нема повеќе криење на Груевски во Будимпешта
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, по победата на Тиса на изборите во Унгарија, со што Виктор Орбан замина во опозиција и го призна поразот, вели дека ваквиот развој на настаните значи дека „нема повеќе криење на Никола Груевски во Будимпешта“.
Според Филипче, изборниот резултат во Унгарија значи дека „ВМРО-ДПМНЕ останува без својот единствен сојузник во Европската унија“.
-Вечерва Унгарија рече доста е! Недемократскиот режим на Орбан падна, токму како што месеци наназад најавуваме. Криминалната организација ВМРО останува без својот единствен сојузник во ЕУ. Нема повеќе криење на Груевски во Будимпешта, ниту бизнис комбинации. Новиот премиер на Унгарија Петер Маѓар најави длабока реформа на медиумите поради огромното влијание што Орбан го имаше врз нив. Паѓаат автократските режими. Следен е Вучиќ, а со него и Мицкоски, напиша Филипче.
Извор – Фејсбук профил на СДСМ
Извор – Фејсбук профил на СДСМ
Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека „Венко Филипче и актуелното раководство на СДСМ, кое тој го постави по негова мерка, треба конечно да се оградат од Зоран Заев и сите нему блиски сомнителни проруски бизнис партнери во матни и криминални зделки“.
Такви матни крими партнери Заев има повеќе. Меѓу нив се сомнителни имиња на некои бизнисмени како Миодраг Дака Давидовиќ, Александар Онишченко, Борче Марковски, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според ВМРО-ДПМНЕ единствен приоритет на Филипче треба да му биде „оградувањето од Заев“
Филипче, затоа помалку грижи се за избори и изборни резултати во други држави. Засукај ги ракавите и стави ја својата партија, на здрави нозе, ако може да се дека е твоја, бидејќи ти си таму само чувар на фотелјата. И тоа е пред се важно, бидејќи за развој на една држава потребна е здрава опозициска партија, опозициска партија која стои на свои нозе. Само така ќе помогнете во и за државата и за граѓаните, пишува во партиското соопштение.
Од партијата велат дека „еден од последните случаи за кои Филипче должи одговор е зделката Заев-Дака“.
Или во 2020 година со амин на владата тогаш предводена од Заев се менува урбанистичкиот план во Тетово со што на контроверзниот бизнисмен Дака му се овозможува заработка во висина од околу 200 милиони евра. Филипче, сега, како чувар на фотелјата на Заев во СДСМ е должен да одговори, дали бил договорен и процент од продажбата на становите кои во тоа време биле проценети на 200 милиони евра? Дака, инаку, е на црната листа на САД. Да повториме, бидејќи нели повторувањето е мајка на знаењето, пред се, за да му стане јасно на Филипче, пишува во партиското соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Нема повеќе криење на Груевски во…
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, по победата…
Шефот на одбраната на Уганда не отстапува:…
Шефот на одбраната на Уганда и син…
(Видео) Маѓар најави враќање на Груевски во…
Унгарскиот политичар и лидер на опозицијата, Петар…
Почна поморската блокада врз Иран
Воената блокада на целиот сообраќај што влегува…
Маѓар: Унгарскиот народ одлучи да припаѓа на…
Лидерот на унгарската опозиција, кој победи на…