Филипче по одлуката на Цеков: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во објава на социјалната мрежа Х, по веста дека пратеникот Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ и од денеска е независен пратеник, порача дека тендер-коалицијата на ВМРО и ЗНАМ почнува да се распаѓа.
Во продолжение е целосната објава на Филипче:
“Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа! Пратеникот Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ и од денеска е независен пратеник. Добро е што внатре во ВМРО-ЗНАМ се наоѓаат луѓе кои ја гледаат вистината – дека оваа власт е чиста криминална организација која ја уништува државата. На сите кои сакаат да се оградат од оваа криминална група и да не бидат запаметени како соучесници во пропаста на Македонија – вратата на СДСМ е отворена за соработка. Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!”, напиша Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче по одлуката на Цеков: Тендер-коалицијата почнува…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко…
„Електробус – Икарус” и австриската ЕВН ги…
Министерството за транспорт соопшти дека во однос…
Мицкоски: Никогаш нема да поддржам повеќејазичност во…
Никогаш нема да поддржам двојазичност или повеќејазичност…
Признание на вина во случајот со ИПАРД…
Започна судењето за злоупотреби со европските ИПАРД…
Мицкоски ги испрати пратениците од СДСМ на…
Одговарајќи на прашање од својот сопартиец Бојан…