Филипче: Техничката влада мора да остане, не се созреани условите за укинување

t

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање денеска истакна дека техничката влада мора да остане затоа што не се созреани условите за нејзино укинување.

„Сметаме дека е повторно политички трик да се дозволи власта да протне закон со којшто техничката влада формално ќе остане во следниот изборен циклус, а потоа ќе се укине. Ние изнесуваме аргументи и факти зошто техничката влада мора да остане, затоа што условите за нејзино укинување едноставно не се созреани“, изјави Филипче.

Тој потсети дека причините поради кои техничката влада беше воведена во 2015 година и денес постојат, па дури и во поизразена форма.

„Злоупотреба на институциите постои и сега, ако не и побрутална. Па ја видовме за време на локалните избори, злоупотреба на полицијата, на социјалните служби. Така да, едноставно општеството повторно како и тогаш што беше ситуација, не е зрело да се укинува техничката влада. И нема потреба.“, нагласи Филипче.

Укинувањето на техничката влада може да се случи само врз основа на широк политички консензус, а не преку наметнување на еднострани решенија.

„Ако е донесена со консензус, нека се укине со консензус. Значи, вистински, фер, политичка комуникација, третман, е да како нешто било договорено, така да продолжи и понатаму “, потенцираше Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Република Српска доби нова влада – Сaво…

На посебна седница на Народното собрание на…

Левица: Предизборна политичка манипулација – Владата на…

„Во екот на локалните избори, владата на…

Француската влада преживеа два обиди за гласање…

Владата на Франција денес преживеа два гласања…

Македонија се задолжи за 40 МИЛИОНИ ЕВРА…

Со одлука на Владата, Македонија се задолжува…

Македонија ќе остане со 3.000 деца годишно…

3760 деца на возраст од 10 години,…