(Фото) Запален автомобилот на обвинетиот судија Ѓоко Ристов
Ноќен пожар на подрачјето на скопската општина Карпош уништи патнички автомобил, а пламенот предизвикал штета и на уште три возила, како и на деловен објект. Полицијата врши увид за да ги утврди причините за избувнувањето на огнот.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 13 јули 2026 година околу 2:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Варшавска“, во населбата Тафталиџе, бил опожарен патнички автомобил „пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р.
Во пожарот биле оштетени и патничко возило „Фолксваген туран“, сопственост на Д.М., патничко возило „Сангјонг“, сопственост на С.С., како и деловен објект во сопственост на Г.Л.
На терен интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која успеала да го локализира и изгасне пожарот.
Според неофицијални информации, автомобилот го користел судијата Ѓоко Ристов, чие име во изминатиот период е во фокусот на јавноста поради истрага што ја води Обвинителството. Засега нема официјални информации дека пожарот е поврзан со тој случај, а од МВР информираат дека е во тек увид по кој ќе бидат познати повеќе детали за причините и околностите под кои избувнал пожарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Запален автомобилот на обвинетиот судија Ѓоко…
Ноќен пожар на подрачјето на скопската општина…
Георгиевски со нови скандалозни изјави: Легендарните македонски…
Поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски, во своето…
„СДСМ е против една изборна единица, се…
Левица преку соопштение обвини дека СДСМ одбива…
Цената на нафтата достигна речиси 79 долари…
Цените на нафтата денеска скокнаа за повеќе…
Поранешниот јужнокорејски претседател осуден на уште две…
Јужнокорејскиот суд го осуди поранешниот претседател Јун…