Франција влезе во рецесија: економијата бележи пад два квартала по ред, буџетскиот дефицит се зголемува

t

Француската економија влезе во рецесија, покажуваат ревидираните податоци објавени денеска од Националниот институт за статистика и економски истражувања на Франција (Insee).

Според овие податоци, економскиот раст во Франција бил негативен два последователни квартала. Во третиот квартал од оваа година бруто-домашниот производ (БДП) се намалил за 0,2 проценти, додека во вториот квартал бил забележан минимален пад.

Истовремено, буџетскиот дефицит на Франција во третиот квартал од 2026 година достигнал 5,6 проценти од БДП, во споредба со 5,3 проценти во претходниот квартал.

Овој развој се должи на забавувањето на растот на државните приходи. Во третиот квартал тие се зголемиле за само една милијарда евра, наспроти 2,4 милијарди евра во вториот квартал. Намалувањето на приходите главно се должи на пониските придонеси за социјално осигурување и помалите приходи од данокот на добивка на компаниите.

Од друга страна, државните расходи во третиот квартал се зголемиле за 3,7 милијарди евра. Најголем дел од зголемувањето се должи на повисоките социјални трансфери, но и на растечките трошоци за сервисирање на францускиот јавен долг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција влезе во рецесија: економијата бележи пад…

Француската економија влезе во рецесија, покажуваат ревидираните…

(Видео) Бугарски навивачи нападнати на трибините во…

Марсеј и Левски вчера го одиграа натпреварот…

Во Франција шеста сабота по ред протести…

Ширум Франција шеста сабота по ред се…

Франција потврди присуство на свои војници во…

Француски воени припадници веќе неколку месеци се…

Откажуваат послушност: Француски полицајци не се јавиле…

Речиси 1.000 припадници на француските полициски единици…