Хезболах вели дека ќе продолжи со отпорот и покрај санкциите на САД
„Хезболах“ денеска соопшти дека ќе продолжи со својот отпор против Израел и покрај новите санкции што САД ги воведоа врз либанското исламистичко движење.
Министерството за финансии на САД вчера го смени статусот на „Хезболах“ во американското законодавство и ја означи организацијата како „дејствува во служба на иранскиот режим“.
Во 1997 година Вашингтон го прогласи Хезболах за „странска терористичка организација“, а во 2001 година – „меѓународна терористичка организација“.
Санкциите објавени вчера се насочени кон десет лица кои се дел од мрежата за пренос на средства на Хезболах и кои веќе неколку пати биле санкционирани од САД.
„Сите овие неправедни санкции и класификации нема да не оттргнат од патот на отпорот и борбата за правото на Либан и Либанците да ја бранат својата територија, својот суверенитет и своите ресурси“, се вели во денешното соопштение на Хезболах.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хезболах вели дека ќе продолжи со отпорот…
„Хезболах“ денеска соопшти дека ќе продолжи со…
Пожарот во Церово под будно следење –…
Директорот на ЦУК, Мухамед Али моментално се…
Авион кој се изгуби од радарот се…
Голема потрага вечерва е во тек по…
Иран со закана по најавите на САД…
Министерот за финансии на САД, Скот Бесент,…
Хорор во Германија: Маж и жена избодени…
Брачна двојка е убиена во германската покраина…