Хорор во Србија: Десет деца повредени на подвижни скали во Белград, седум со потешки повреди

t

Десет деца на возраст од осум и девет години се повредени при пад на подвижните скали во трговскиот центар „Галерија“ во Белград. Според српски „Блиц“, седум деца се здобиле со потешки повреди, а три со полесни. Медиумот јавува дека едно девојче е во тешка состојба.

На местото биле испратени четири екипи на Итната помош. Медицинските екипи им укажале прва помош на повредените, а дел од децата биле изнесени од трговскиот центар на носилки. Децата биле пренесени во Ургентниот центар.

Според првичните информации што ги објави „Блиц“, најпрво паднало едно дете, по што паднале и другите. Сведоците дале различни искази за тоа што го предизвикало првиот пад.

Точната причина за несреќата засега е непозната, а увидот е во тек.

Според една од верзиите на очевидците што ги пренесува „Блиц“, на едно девојче му се заплеткала косата во механизмот на подвижните скали. Според друга верзија, во скалите се заглавила врвка од обувка. Првичните информации укажуваат дека најпрво паднало едно дете, по што паднале и другите. Увидот е во тек, а точната причина за несреќата сè уште се утврдува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хорор во Србија: Десет деца повредени на…

Десет деца на возраст од осум и…

Конечно ќе се заврши зградата на ФИНКИ:…

Наскоро ќе биде објавен тендер за изведувач…

Теута Арифи по рочиштето: „Невина сум, не…

Пред тетовскиот суд денеска започна судскиот процес…

Ангелов го упатил граѓанинот да пријави барање…

Стојанче Ангелов го упатил граѓанинот да пријави…

Уапсен 18-годишник, осомничен за лажна дојава за…

18-годишник од Тетовско е осомничен за лажна…