Хрватскиот премиер Пленковиќ во посета на Македонија
Премиерот Христијан Мицкоски во Охрид ќе биде домаќин на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.
Како што соопшти Владата во 10:00 часот премиерот Мицкоски заедно со министрите ќе го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
Според агендата по пречекот во премиерската вила ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и премиерот Пленковиќ, а во 11:15 часот ќе се одржи владина билатерална средба во хотел „Инекс Олгица“.
Како што соопшти Владата, потоа е предвидено двајцата премиери да потпишат договори за стратешка соработка помеѓу двете земји, а македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија ќе потпишат меморандум за соработка.
Во 12:30 часот следува заедничка прес конференција на Мицкоски и Пленковиќ.
За време на престојот на Пленовиќ во Македонија предвидена е и бизнис средна на сопственици на компании од двете држави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски со честитки до Јанша: Македонија и…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил телефонски разговор…
Спасовски: Застојот кон ЕУ не е последица…
Пратеникот и поранешен министер Оливер Спасовски оцени…
ДС ги осудува вчерашните протести на студентите…
Демократски сојуз најостро ги осудува вчерашните протести…
(Видео) Прв сериски убиец со дело фемицид…
ОЈО Куманово спроведе предистрага и истрага од…
Српски државјанин е уапсен во Скопје, осомничен…
Во заедничка акција на српското Министерство за…