Цела ноќ се гаснеше огнот во прилепско Чаниште, каде изгореа неколку стари куќи

t

Цела ноќ тим од доброволци на Дирекцијата за заштита и спасување работеше на гаснење на пожарот во атарот на прилепското село Чаниште, каде гори на два крака. Последна информација од ДЗС е дека во селото не е изгорена ниту една населена куќа и дека синоќа сите жители останале во своите куќи.

Огнената стихија изгоре неколку стари напуштени куќи или куќи во кои сопствениците престојувале повремено. Нема повредени лица.

Инаку, во изминатите 24 часа во земјава се регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои шест се активни, еден е ставен под контрола, а 22 се целосно изгаснати, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари се регистрирани во Општина Студеничани, во близина на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, како и во Општина Македонски Брод, кај месноста Видуш и селата Драгов Дол, Локвица и Девич.

Пожари има и на подрачјето на општините Велес и Зелениково, во близина на селата С’лп, Горно Село, Карабуниште, Бузалково, Добрино и Тисовица.

Активни се и пожарите во општините Јегуновце и Сарај, кај селата Копанце, Туденце и Бојане, како и во Општина Прилеп, кај селото Чаниште, и во Општина Долнени, кај селата Вранче и Бело Поле.

Пожарот на депонијата во Делчево е ставен под контрола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цела ноќ се гаснеше огнот во прилепско…

Цела ноќ тим од доброволци на Дирекцијата…

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…