Централна прослава по повод Денот на полицијата – 7 Мај
Во кругот на Министерството за внатрешни работи во Скопје денеска ќе се одржи централна прослава за одбележување на Денот на македонската полиција – 7 Мај.
На настанот обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев.
На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и министри и други гости, како и претставници на дипломатскиот кор во Македонија.
Активностите продолжуваат попладне во 17.30 часот на паркингот пред Градското собрание каде ќе има презентација на опрема од различни полициски единици и граѓаните ќе имаат можност да се дружат со полициските службеници, а на „Школка“ од 18:00 часот предвиден е музичко-забавен хепенинг со познати музички ѕвезди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Централна прослава по повод Денот на полицијата…
Во кругот на Министерството за внатрешни работи…
Родителите од Кочани за условната казна за…
Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ реагира…
(Видео) Сведоштво на измамениот Петров за лажно…
„Живееме многу тешко. Дома сме со пензија…
Кривична за обезбедувачот на Мицкоски кој физички…
Полицијата поднела кривична пријава против полициски службеник…
Интензивна потрага во Лајпциг: Исчезна цело семејство
Германската полиција започна потрага по семејство кое…