Црна Гора пред вратите на ЕУ: Кос најави крај на преговорите до почетокот на 2027
Црна Гора би можела да го заврши техничкиот дел од преговорите со Европската Унија до крајот на оваа или на почетокот на следната година, доколку продолжи со реформите и постигнувањето резултати, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос.
Кос нагласи дека Европската комисија ја поддржува целта на црногорската Влада земјата да стане 28. членка на Европската Унија во 2028 година.
„Црна Гора вложи многу енергија и постигна многу добри резултати. Врз основа на тоа, Црна Гора би можела да го заврши техничкиот дел од преговорите до крајот на оваа или на почетокот на следната година“, изјави Кос.
Според неа, веќе се работи и на подготовка на договорот за пристапување. Доколку процесот продолжи според планот и има согласност од земјите членки, Црна Гора би можела да го потпише договорот за пристапување во текот на 2027 година.
По потпишувањето ќе следува процесот на ратификација во земјите членки, кој, според досегашните искуства, може да трае меѓу една и две години.
Кос оцени дека Црна Гора постигнала значителен напредок во пристапниот процес и повтори дека Европската комисија ја поддржува амбицијата земјата да стане полноправна членка на ЕУ во 2028 година, доколку продолжи да ги исполнува преземените обврски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВАШИНГТОН ПОГРЕШНО ГО ПРОЦЕНИЛ ПРОБЛЕМОТ СО ХУТИТЕ“:…
Washington Post објави детална реконструкција на жестоките…
(Видео) Зеленски предупреди на можен масовен руски…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Киев…
УАПСЕН БИТОЛСКИ ВИШ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ: Случајот се…
Обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола…
Француските ученици остануваат на улиците се додека…
Нов бран ученички протести ја зафати Франција,…
ВЛЕН: Првата градинка во Теарце ги отвори…
Соопштение за јавност на ВЛЕН: Во Теарце,…