Ѓорѓиевски: За првпат средношколците првенци на генерацијата во Скопје добија подарок лаптопи
На манифестацијата „Првенец на генерација“, Градот Скопје им оддаде признание на најдобрите ученици од средните училишта во нашиот град.
– Ова е признание за дисциплина, карактер, упорност и љубов кон знаењето.
Да се биде првенец на генерација значи да се биде пример за своите врсници, гордост за семејството и инспирација за сите што доаѓаат потоа.
Оваа година, за првпат, секој првенец на генерација добива и лаптоп – алатка што ќе им помогне да продолжат да учат, истражуваат, создаваат и да ги развиваат своите таленти.
Ова е порака дека нивниот труд се вреднува, нивниот успех се почитува и дека Градот Скопје верува во нивната иднина и секогаш ќе биде нивна поддршка.
Образованието е најсилната инвестиција во иднината.
Токму преку знаењето, трудот и воспитувањето се градат генерации кои утре ќе ја водат Македонија напред со идеи, со чесност, со работа и со љубов кон својата земја.
Нашата поддршка за образованието продолжува и преку организирање на научно-наставен камп, летување за талентирани ученици и ученици од социјално загрозени семејства, бесплатни униформи, современи лаборатории, подобри услови во училиштата, уредени дворови, нова урбана опрема, спортски комплекси, топлотни пумпи, фотоволтаици итн.
Силно вложуваме во образованието, затоа што иднината на Скопје и Македонија започнува токму од училишните клупи. – напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски: За првпат средношколците првенци на генерацијата…
На манифестацијата „Првенец на генерација“, Градот Скопје…
Драма во скопско Шишево: Пукал кон соселанин,…
Жител на скопското село Шишево е приведен…
Нарачал производи, па го ограбил и натепал…
На 05.06.2026 во 22:30 часот во СВР…
Скопје ќе добие 2.600 нови контејнери објави…
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната…
Ѓорѓиевски: Го откочивме БРТ, ќе има значително…
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната…