Ѓорѓиевски: Поголемата поддршка од Владата носи нови инфраструктурни проекти во општините
Зголемената финансиска поддршка од Владата за општините создава услови за реализација на повеќе инфраструктурни проекти и подобрување на услугите за граѓаните, истакнал градоначалникот на Скопје и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.
Тој денеска остварил средба со делегација на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа, на која се разговарало за напредокот на локалната самоуправа, јакнењето на капацитетите на општините и подобрувањето на јавните услуги.
Ѓорѓиевски ја нагласил и подобрената соработка со министерствата, како и новиот Меморандум меѓу Владата и ЗЕЛС, оценувајќи дека тие механизми создаваат основа за понатамошна децентрализација и финансиско зајакнување на општините.
Според него, резултатите од соработката меѓу централната и локалната власт треба да се гледаат преку конкретни придобивки за граѓаните – подобра инфраструктура, поквалитетни јавни услуги и поефикасна општинска администрација.
На средбата присуствувале и коизвестувачите на Конгресот, Андерс Кнапе од Шведска и Матијас Гисин од Швајцарија, како и претставници и експерти од Секретаријатот на Конгресот.
Од Град Скопје соопштија дека делегацијата на Советот на Европа го препознала ЗЕЛС како силна и обединета организација која ги застапува интересите на локалните власти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски: Поголемата поддршка од Владата носи нови…
Зголемената финансиска поддршка од Владата за општините…
Свиркачот кој ги разоткри врските меѓу Епстин…
Сајмон Андрис, поранешен британски банкар и свиркач…
Утре ќе нема струја до 15 часот…
Од Електродистрибуција соопштија дека поради технички зафати…
Акција „Хоризонт“: Над пет килограми дрога и…
Во полициската акција „Хоризонт“ во Требиње се…
ВМРО-ДПМНЕ: Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту…
ВМРО-ДПМНЕ реагираше на прес-конференцијата на пратеничката и…