Ѓорѓиевски: Потпишан договорот за набавка на 3.300 нови контејнери за почисто и поуредно Скопје

t

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска информираше дека склучен бил договор на набавка на 3.300 нови контејнери.

„Потпишан е договорот за набавка на 3.300 нови контејнери, најголемата набавка од ваков тип во изминатите години, со која темелно ќе го унапредиме системот за собирање отпад во главниот град“, сподели тој во објава на социјалните мрежи.

Градоначаликот посочи дека оваа набавка значи помалку отпад на улиците, навремено празнење и подобри услови за работа на екипите на ЈП „Комунална хигиена“, а колку за споредба, наведе дека во изминатите 12 години биле набавени околу 1.300 контејнери – бројка недоволна за потребите на цело Скопје.

„Она што е важно да се нагласи е дека контејнерите што претходно се набавувале од моите претходници, биле по цена од повеќе од 18.000 денари по парче, а ние денес ги набавуваме за 9.600 денари – речиси двојно поевтино, и тоа во услови на глобално зголемени цени“, истакна Ѓорѓиевски, додавајќи дека по новите возила за ЈП „Комунална хигиена“, пристигнуваат и 3.300 нови контејнери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: Потпишан договорот за набавка на 3.300…

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска информираше…

„Европската иднина не се гради со намалување…

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ),…

Ѓорѓиевски: Македонија ќе оди напред, затоа што…

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски по повод…

(Видео) Горат рафинериите на Арамко – цената…

Јеменските хути, поддржани од Иран, нападнаа енергетски…

Зеленски открива: Путин се држи до едно,…

САД испитуваат дали Украина и Русија би…